МВР потврди: СЈО побара физичка заштита поради високиот степен опасност по животот и личниот интегритет на обвинителите

од desk3
115 прегледи

Од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) денес до Министерството за внатрешни работи беше доставено барање за обезбедување полициски службеници кои ќе бидат ангажирани на физичко обезбедување на обвинителите при оваа институција.

katica-janeva
Имено, со оглед на високиот степен опасност по животот и личниот интегритет при вршењето  на работните задачи во СЈО, од МВР е побаран одреден број полициски службеници како за ЈО Катица Јанева така и за нејзините соработници- обвинители.

Јанева и тимот сериозно загрижени по говорот на Груевски, побарале засилено обезбедување

Министерството за внатрешни работи ќе го разгледа барањето и благовремено ќе достави одговор до СЈО.

 

Интегрален ткест