235
По пукањето кое попладнево се случи на кружен тек во населбата Ѓорче Петров при што беше повреден полицаец, од полицијата информираа дека приведени се две лица.
Според МВР, нападот се случил околу 16.40 часот на кружниот тек во близина на црквата Свети Петар и Павле, при што лице од возило „Голф“, пукало кон возило „мерцедес”, во кое бил полицискиот службеник и инспектор З.Р. Неофицијално, ранетиот е син на поранешниот реис на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи.
Од полицијата додаваат велат дека инспекторот здобил со повреди во нога по што бил префрлен во Градската општа болница „8-ми септември“ за укажување на лекарска помош.