Полициски службеници од ОВР Ресен денеска во периодот од 16 до 18.30 часот идентификуваа и извршија службен разговор со тројца малолетници од Ресен (двајца на 16-годишна возраст и еден- 14 години) во врска со објавениот видео материјал на социјалната мрежа „тик-ток“ на кое се сквернават гробови во овој град, соопштија од МВР.
– Со малолетниците, во присуство на родител, е извршен службен разговор, а по документирање на случајот, во координација со надлежен обвинител ќе бидат поденесени соодветни поднесоци, информираа од МВР.
Реакцијата на МВР следува по претходна информација која ја обијавивме а покажува на тоа дека продолжуваат контроверзните видеа на социјалната мрежа „Тик тик“, и тоа од млади лица кои прават речиси се за поголем број на лајкови.