МВР: Приведени двајца малолетници по пријава за повреда на 14 годишник

од Radmila Tasevska
253 прегледи

Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Чаир при СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници, постапувајќи по претходна пријава денеска околу 13:35 часот, дека во населба Шуто Оризари во Скопје од страна на две малолетни лица со остар предмет му биле нанесени повреди на 14-годишен малолетник.

Од МВР, информираат дека повредениот малолетник е пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични содржини