МВР: Приведено лице од Косово, во камион криумчарело стока без документација

од Vladimir Zorba
246 прегледи

Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Блаце при Регионалниот центар за гранични работи Север вчера околу 16:30 часот на улица „Јадранска магистрала“ во Скопје, го лишиле од слобода Н.Х.(49) од Косово, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“.

-При преглед во товарното возило „рено“ со косовска национална ознака, кое го управувал, била пронајдена стока за која немал доказ за потеклото, односно не поседувал официјален заверен документ. Возилото и стоката биле одземени за понатамошна постапка, а лицето било задржано во Полициската станица Чаир, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини