МВР пронајде фалсификувани документи- но од која и чија работилница?

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Афераата „Лични карти“ аферачки се развлекува и дефокусира. Полицијата синоќа  соопшти повеќе детали за приведувањето на тројца луѓе што се случи пред два дена. Во соопштението се наведува дека истрагата не е завршена, со најава дека има уште факти. Сега го објавуваат тоа што е проверено и  аргументирано , а се очекува нов материјал и во наредните денови.timthumb-1

 Во соопштенето се наведува:

„При претресот покрај едно помало пакување со тревкаста материја и околу два килограми прашкаста материја, беа пронајдени и одземени: 78 панцирни елеци, неколку парчиња секачи за хартија, неколку преси за хартија, апарат за обработка на пластика, поголем број на пластични фолии, налепници, фолии со амблеми, фотокопии од патни исправи на повеќе НН лица, лична карта од странска држава, возачка дозвола од странска држава, голем број на фотографии од НН лица, голем број на фотокопии од лични документи на НН лица, компјутерска опрема, кореспонденција од електронска пошта, документи со текстови на странски јазик од банки, принтери и др.

По Наредба на судија на претходна постапка дополнително е извршен претрес и во домот на лицето С.А. (48) од Скопје. При претресот покрај компјутерска опрема пронајдени и одзмени се принтери, хартија во различен формат, состав и боја, фолии и др. По извршените претреси трите лица беа приведени. Од досега извршените крим.технички вештачења се утврди дека пронајдената хартиена паковка претставува наркотична дрога марихуана со вкупна маса 0.38 грама, а пронајдената прашкаста материја со вкупна маса од 2354 грама, претставува смеса од кофеин и парацетамол, медикаменти кои на илегалниот пазар се користат како додаток во хероинот, со цел зголемување на масата, за што против лицето И.Б. до ОЈО Скопје, поднесена е кривична пријава за кривично дело по чл.215 од КЗ на РМ. Исто така од досегашното вештачење утврдено е дека личната карта и возачката дозвола од странската држава се фалсификувани.“

Поради големиот број на пронајдени и одземени предмети, за кои постојат основи за сомневања дека потекнуваат или со нив се извршени и голем број на други кривични дела, ОСОСК во координација со ОЈО Скопје, продолжува со истрагата, во насока на крим.техничко вештачење на предметите, обработка и анализа на податоците, се вели во соопштението. на МВР

И сега интересно за заплетот на аферата  Лични карти е што Телма повикувајќи се на неофицијални извори од полицијата инфомира дека не станува збор за тајната работилница за фалсификувани документи за која пишуваше неделникот Фокус, туку веројтано за нешто друго.

Јавното обвинителство, пак, вчера објави дека приведените се  поврзани со тајната работилница за фалсификувани лични карти за која објави неделникот.Провладинините поратали  атакуваат со сспакувани приказни дека тоа е тоа , и врзано со опзиционери.Тие пак го тврдат спротивното

Според наши извори МВР ја комплетира истрагата и има  точни детали , кој стои и кои се главните актери на оваа афера  во која намерно се мешаат различни структури и  и полувистини за да се добие сосем друг тек на истрагата и фактите. Откако прецизно ќе бидат проверени сите детали, МВР најавува дека најдоцна утре ќе излезе со прес конференција пред јавноста и медиумите