МВР: Пронајдени околу 10.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар, лишено од слобода едно лице

од Даниел Ѓорѓиевски
44 прегледи

Денеска, 20.03.2025, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Д. (53) од Скопје на подрачјето на Бит Пазар. При постапување по претходно изготвен план, на импровизирана тезга на Бит Пазар пронајдени и одземени се околу 10.000 парчиња разновидни пиротехнички средства, наменети за продажба, соопштуваат од МВР.

По консултација со надлежен јавен обвинител, лицето е задржано за понатамошна постапка. По комплетирање на целокупната документација, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје. Полицијата продолжува со истражните активности за утврдување на сите околности поврзани со овој случај.

Слични содржини