Полицијата го расчисти убиството што вчера се случи во Виница, при што е поднесена кривична пријава против 80-годишен државјанин на Грција, а четири лица се приведени.
Како што информира МВР, на 28 март околу 16:11 часот, од Итната медицинска помош било пријавено дека во близина на градските гробишта во Виница е пронајдено тело на 56-годишен маж од село Липец. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција.
Во врска со случајот, приведени се три лица од Грција и едно лице од битолско. Во рамки на истрагата, полицијата во координација со Основното јавно обвинителство Кочани извршила претреси во возилата што ги користеле осомничените, како и во апартманите во Виница каде што престојувале.
При претресите биле пронајдени четири ловни пушки, околу 800 парчиња ловечка муниција и друг доказен материјал релевантен за истрагата. Од МВР известуваат дека против главниот осомничен ќе биде поднесена кривична пријава за убиство, додека за останатите лица ќе следуваат соодветни поднесоци до обвинителството.