МВР: Санкции за 330 граѓани поради пребрзо возење

од Nikola Popovski
246 прегледи

МВР информираше дека денеска се санкционирани 330 граѓани, поради пребрзо возење.

„Денеска (24.06.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 330 возачи. Од нив, 39 возила се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од полицијата.

Слични содржини