298
Во текот на вчерашниот ден (01.05.2022) во периодот од 17.00 до 22.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија.
При контролата биле откриени и санкционирани 142 возачи под дејство на алкохол кои веднаш се исклучени од сообраќај и им се изготвени законски предвидените поднесоци.
За време на контролата биле санкционирани и 153 останати прекршоци.