МВР се огласи и го откри идентитетот на загинатите во сообраќајната несреќа на патот Штип-Кочани

од Симе Стоиков
433 прегледи

Министерството за внатрешни работи (МВР) пред неколку моменти се огласи со првични детали за стравичната несреќа на експресниот пат Штип- Кочани:

-На 20.04.2024 на експресниот пат Штип Кочани во близина на индустрискиот дел Штип, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “пежо” со кочански регистарски ознаки управувано од возачот А.Н.(40) од Кочани и патничко моторно возило “шкода” со скопски регистарски ознаки управувано од возачот Б.Д.(66)од Скопје.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот на пежото и сопатничката Л.Д.(64) во шкодата.

Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Штип, додека возачот на шкодата се здобил со повреди констатирани во Клиничката болница Штип.Увид во тек.

Слични содржини