МВР:Се следи состојбата во земјата, а не „Македонија бојкотира“

од desk3
314 прегледи

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги демантира наводите дека има полициско следење на бојкотирачите на референдумот што ги изнесе кризниот штаб за бојкот на референдумот во реакција на интервјуто на ресорниот министер Оливер Спасовски за Македонската информативна агенција (МИА).

Во демантот до кризниот штаб на „Македонија бојкотира“ МВР истакнува дека ги отфрла шпекулациите и извртувањата на интервјуто на министерот Спасовски за МИА.

– Во интервјуто министерот Спасовски јасно кажува дека и тој како и сите граѓани на Република Македонија следат што се случува во однос на референдумот, односно поставеноста на политичките структури во однос на референдумот, а меѓу нив и на платформата „бојкотирам“, кои имаат легитимно право да излезат со свој став. Граѓаните, исто како и Спасовски, ги следат политичките случувања, што во никој случај не значи полициско следење, како што некој сака да манипулира, стои во демантот.

Министерството за внaтрешни работи, се додава во демантот, најостро ги отфрла шпекулациите и извртувањата за наводно прислушкување и следење на членовите на оваа платформа и апелира доколку сакаат да го привлечат вниманието на јавноста тоа да го сторат на друг начин, а не преку ширење на лаги и дезинформации.

Слични содржини