МВР се уште трага по внукот на Љубе Бошковски

од Nikola Popovski
382 прегледи

Министерството за внатрешни работи (МВР) се уште трага по 26-годишниот Самоил Костадиновски за кој е пријавено дека е исчезнат во саботата наутро на 4-ти март. Костадиновски е внук на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски.

Од полицијата за „Локално“ информираа дека се преземаат мерки за пронаоѓање на Костадиновски и расчистување на случајот.

Во меѓувреме медиуми споделија дека пред да исчезне Костадиновски им рекол на своите пријатели дека „е во голем хаос, дека дал големи пари и дека полудел“.

Министерот Оливер Спасовски порача дека се преземаат активности во низа на оперативно-криминалистички постапки од страна на Секторот за внатрешни работи Скопје.

-Ќе ги согледаме сите факти што ќе произлезат од истрагата за да видиме и да откриеме за лицето што се води како исчезнато, рече Спасовски во врска со исчезнувањето.

Повеќе негови пријатели и познаници споделија дека Костадиновски за последен пат бил виден како влегува во возило во близина на Чешката амбасада во Скопје, по што телефонот му е исклучен и му се губи секаква трага. Дел од нив објавија на социјалните мрежи дека бил киднапиран, но набрзо таквите објави беа избришани.

Н.П.

Слични содржини