МВР: Сите пријави за наводно поставени бомби во Скопје и Битола се лажни

од Radmila Tasevska
121 прегледи

Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје и Битола, Меѓународниот аеродром Скопје, СЦ „Борис Трајковски“, Национална арена „Тоше Проевски“, Фудбалска федерација на Македонија, Ист гејт мол, како и неколку хотели, и е утврдено дека станува збор за лажни пријави, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тие велат дека веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки.

Поради најава за поставена бомба, годишната конференција на Стопанската комора на Северна Македонија во хотелот Александар Палас во Скопје, на која премиерот Димитар Ковачевски требаше да се обрати, се откажа.

Дојави за бомби утрово беа испратени и до Меѓународниот аеродром – Скопје, „Ист гејт мол“ и средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“.

На електронските адреси на десет училишта во Скопје и пет во Битола, како и Фудбалската федерација на Македонија, хотел Мериот, и спортска сала Борис Трајковски, исто така, денеска беше упатена закана за поставена експлозивна направа.

Покрај училишта, деновиве цел на дојави за бомби се и институции, трговски центри и други објекти.

Слични содржини