МВР: Скопјани кои се сликале во „Пролет” и МТВ можат статусот на пасошот да го проверат онлајн

од Stefanija Kuzmanovska
504 прегледи

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните на Град Скопје дека денес е ставено во функција, она што претходно беше најавено, а се однесува на можноста граѓаните на Град Скопје кои се фотографирале во редовна постапка на пунктовите „Пролет“ и МТВ да го проверат статусот на нивниот пасош, односно дали истиот е во процес на изработка или е изработен и може да се подигне.

Со оваа функција значително ќе се придонесе кон намалување на гужвите кои се создаваа бидејќи граѓаните беа приморани да чекаат и по неколку часа само за да се информираат дали нивниот пасош е изготвен, соопштуваат од МВР.

Исто така, во тек е надградување на овој систем со цел да се овозможи ваквата проверка да биде достапна и за останатите пунктови, како и за статусот на личните карти.

Проверката може да се направи на следниот линк:

https://termin.mvr.gov.mk/document_status?fbclid=IwAR0UF2GVNrjtSmjHzQLXjIHRxw8Lt1qgVlTgkBkqJlh-b9qsxzZwEAjLoBU

Слични содржини