МВР со апел: Се трага по 73-годишен Белгиец, исчезнат е веќе седум дена

од Nikola Popovski
13 прегледи

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните доколку имаат било каква информација за Марк Јорис (72), белгиски државјанин кој на 18.09.2024 од страна на Интерпол Брисел и амбасадата на Белгија е пријавен како исчезнат, да пријават во најблиската полициска станица или на телефонскиот број 112 .

Како што веќе претходно известија, во МВР е пријавено дека Марк Јорис е исчезнат, а, според пријавеното, тој имал планирано рута за планинарење во реонот Охрид – Струга (Вевчани) – Дебар- општина Маврово и Ростуше и на север кон Албанија.

-Со помош на дрон е извршена потрага и опсервација на теренот, но лицето не е пронајдено, а се преземаат и низа други мерки и активности за пронаоѓање на лицето, истакнуваат од полицијата.

Слични содржини