МВР со детали: 19-годишник се шетал со пиштол-играчка низ Аеродром

од Nikola Popovski

МВР информираше дека лицето кое со пиштол се шетало низ ТЦ Бисер и населбата Аеродром е 19-годишник кој има здравствени проблеми.

-Денеска, околу 09.20 часот полициски службеници од Полициска станица Аеродром, постапувајќи по претходна пријава, во трговски центар на подрачјето на Аеродром го затекнале Ш.Л.(19) од Скопје, лице со здравствени проблеми, кој носел пластичен пиштол (играчка). Од страна на полициските службеници, пиштолот и футролата му биле одземени“, велат од полицијата.

 

Слични содржини