38
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска околу пладне била нападната во општина Чаир, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи.
-На 11.07.2025 во 12:15ч од страна на А.Ј. во СВР Скопје пријавено е дека при извршување работни задачи на ул.”Кумбара” физички била нападната градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска и дека повеќе лица и упатувале вербални закани. Истата не сакала да поднесе пријава за настанот по што се упатила во ГОБ 8 Септември за укажување лекарска помош – се вели во информацијата од МВР.
Нападот следува откако Арсовска јавно зборуваше дека има закани по живот и поднесуваше пријави против градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.