МВР со детали: Дојави за бомби во четири училишта

од Nikola Popovski
233 прегледи

Вкупно четири средни училишта во Скопје добиле мејлови со закани за бомби, информираа од МВР.

-Денеска (09.11.2022) во СВР Скопје околу 09.30 часот е пријавено дека на електронските адреси на две средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Oколу 10 часот е добиена иста пријава од уште две средни училишта. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на сите четири училишта. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од полицијата.

 

Слични содржини