25 годишен прилепчанец е застрелан во атарот на мариовското селото Витолиште.
Според првичните информациите од МВР, во полициската станица во Прилеп било пријавено дека сега починатиот прилепчанец со свои пријатели биле на лов диви свињи во Мариово.
„Околу 14.55 часот од екипа на брзата помош било констатирано дека 25-годишникот им подлегнал на повредите.
Во врска со инцидентот што се случил додека пријатели ловеле диви свињи, уапсен е С. П. (50) од Прилеп, кој бил приведен во полициска станица“, велат од полицијата.
Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка за кривично дело убиство од небрежност од член 126 од Кривичниот законик. Поднесен е предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот и тоа, обврска да се јавува еднаш неделно на службено лице во ОВР Прилеп и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.