СВР Битола до Основното јавно обвинителство во Битола, поднесе кривична пријава против лицата Б.Х. (63) претседател на Комисијата за јавни набавки на општина Новаци, како и членови на Комисијата за јавни набавки Е. Н. (33), Л.Ј. (54) и Г.Т. (63) раководител на инспекциски надзор воопштина Новаци, заради постоење на сомнение дека презеле дејствија опишани во кривичното дело „злоупотреба наслужбената положба и овластување“.

Пријавените лица со искористување на службената положба, при вршење на јавна набавка за гориво за службените возила, на правно лице „КМ Петрол Оил“ ДОО Новаци, му овозможиле да се стекне со имотна корист така што на отворањето на понудите констатирале дека понудата од правното лице е валидна и комплетна, и покрај фактот што знаеле декаправното лице не поседува лиценца.
– СВР Битола до ОЈО-Битола, поднесе кривичнапријава против Л.К. (65) вршител на должност градоначалник, заради постоење на сомнение дека презел дејствија „злоупотреба на службената положба и овластување“.Пријавениот во својство на службено лице во периодот од 2011 до 2014 година искористувајќи ја службената положба и овластување постапил спротивно Законот за јавни набавки, на начин што не донел одлука за потреба од јавна набавка за прибирање понуди за набавка на горива за службените возила, со што им овозможил право на две правни лица за периодот од 2011 до 2015 година да се стекнат со материјална вредност со вкупен износ од 4.605.712 денари, истакна Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.
На денешната прес-конференција беше соопштено дека СВР Битола на 29 февруари до ОЈО-Битола, поднесе кривична пријава против пет лица на возраст од 39 до 61 година возраст вработени во Фод Дооел Новаци, едно лице на возраст од 35 години вработено во „КМ Петрол Оил“ ДОО Новаци и против правно лице „КМ Петрол Оил“ ДОО Новаци, заради постоење на сомнение дека пријавените презеле дејствија опишани во кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ како и „недозволена трговија“.
– Пријавените во својство на службени лица, со искористување на својата службена положба при вршењето на јавна набавка за постапка со преговарање без објавување оглас, од Законот за јавни набавки, прибавиле корист за правното лице, на начин што била донесена одлука за постапка со преговарање без објавување на оглас и во истата предвиделе дека преговарањето ќе биде со локациски најблискиот добавувач кој поседува лиценца за вршење на енергетска дејност. Пријавените во својство на службени лица извршиле избор на економскиот оператор „КМ Петрол Оил“ ДОО Новаци, како најповолен понудувач, иако во тендерската документација не била доставена лиценца за вршење на енергетска дејност, трговија со нафта и нафтени деривати од Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија, посочи Стаматова
Веднаш по ова реагираше градоначалникот на о.Новаци Лазар Котевски кој на прес-конференција истакна дека поднесената кривична пријава против него и други службеници во општина Новаци осомничени за „злоупотреба на службената положба и овластување“ претставува, како што рече, класична партиска пресметка и хајка која техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера ја најави, а денеска веќе почна да ја реализира.
– Сите денешни обвинувања категорично ги отфрлам затоа што се чиста партиска конструкција на техничкиот министер кој се однесува како најверен партиски послушник на својот лидер Зоран Заев. Фабрикувањето на афери како оваа денешната не се ништо повеќе туку само обичен очајнички обид да се намали она што СДСМ најмногу го плаши – рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и довербата на граѓаните во нашите одлуки и политики.
Кривични пријави за службени лица од општина Новаци, местеле тендер…
Но, го потсетувам техничкиот министер дека набрзо и тој и неговиот партиски лидер ќе се уверат дека граѓаните својата доверба повторно ќе ја дадат на ВМРО-ДПМНЕ, а дека за конструкциите како оваа денеска некој ќе мора да сноси одговорност, истакна Котевски, јавно реагирајќи на поднесените кривични пријави од страна на СВР-Битола за постоење на кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Денеска па во општината Струмица, полицијата по налог на обвинителот за организиран криминал, Јован Илиевски, одзела 4 општински компјутери и направила распит со 10-тина лица, меѓу кои и актуелен советник и координатор на изборен штаб на СДСМ во Струмица и дел од граѓаните. Веста за акцијата ја потврдија од СДСМ, а се чека и официјална потврда од Јавното обвинителство.
Според информациите, Илиевски водел истрага за наводни изборни измами и купување гласови. Одземените компјутери се од шефот на кабинет на градоначалникот на Струмица Зоран Заев, негов помошник и секторот за комуникација во општината. Обрзаложението на тимот од обвинителството за организиран криминал било дека имаат индиции за изборни измами во општина Струмица.