МВР: Спречен меѓународен транспорт на 85 килограми марихуана во заедничка акција со грчката полиција

од Radmila Tasevska

Спречен е меѓународен транспорт на 85 килограми марихуана и во државава лишени се од слобода четири лица, а во Грција е распишана потрага по грчки државјанин, вчера, во координирана акција на Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Регионалниот центар Исток и СВР Струмица со Службата за борба против дрога од грчкиот град Килкис.

Како што сооопшти денеска Министерството за внатрешни работи, вчера во претпладневните часови од страна на полициски службеници на РЦ Исток биле забележани во движење лица со трактор и едно лице со моторцикл на планината Беласица, кои се упатиле во правец на државната граница помеѓу двете земји. Под сомнение дека лицата со тракторот преземаат нелегални активности односно пренесуваат наркотична дрога, информира МВР, веднаш бил известен Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи од чија страна е стапено во контакт со надлежната служба во Република Грција.

-Како резултат на заедничките координирани активности помеѓу македонските и грчките служби на територијата на Грција околу 13:00 часот по преземени мерки од страна на полициските служби од Килкис, Грција  било лоцирано патничко возило со грчки регистерски ознаки, во кое при преглед од страна на полициските службеници од Грција биле пронајдени и запленети 54 најлонски пакети кои содржеле вкупно 85 килограми канабис. Во исто време, од страна на полициски службеници од СВР Струмица и РЦ Исток преземени се мерки и откако се утврдени лицата кои биле инволвирани во наведениот транспорт на марихуана лишени се од слобода М.Р. (34) од Струмица, С.Р. (29) од Струмица, Г.Х. (33) од Струмица и Ј.И. (38) од Струмица, информира МВР и дополнува дека денеска  од страна на СВР Струмица поднесена е кривична пријава против наведените лица до Основното Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје.

Слични содржини