МВР во акција, казнети 109 возачи

од Берта Китинска
240 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје биле изречени вкупно 109 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 26 санкции, 23 казни за возење над дозволената брзина, 20 санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени биле и шест мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за минување на црвено светло, пет казни за возач почетник.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од полиција.