МВР: Во текот на вчерашниот ден лишивме од слобода 10 возачи

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи

од Кристијан Димков
26 прегледи Фото: Официјална вебстрана на МВР

Во текот на вчерашниот ден (28.02.2026), полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 10 возачи, известуваат од МВР.

„Oд нив, пет лица за возење под дејство на алкохол, на територија на Куманово, Кривогаштани, Битола и двајца во Скопје. Исто така, четири лица се санкционирани затоа што управувале возило без возачка дозвола, на територија на тетовско, Гостивар, Гевгелија и Кавадарци. Еден возач е лишен од слобода поради возење со забрана за управување возило од Б категорија, и тоа во Скопје. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“, додаваат во соопштението на МВР

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, доколку се под дејство на алхолол или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување, со цел сите заедно да придонесеме кон побезбеден сообраќај.