МВР за сообраќајката на „Партизанска“: Прегазени две деца, ги прегазил 26-годишен возач

од Milan1
2,3K прегледи

Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти детали за тешката несреќа која се случи на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

„Денеска (24.03.2025) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Р.(26) од Скопје затоа што околу 13:50 часот на бул. „Партизански одреди“ во Скопје со патничко возило „Ауди” со скопски регистерски ознаки, удрил во малолетен пешак и малолетник кој туркал велосипед. Двајцата малолетници со Итна медицинска помош се пренесени во клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош. Извршен е увид од СВР Скопје и надлежен обвинител. По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка“, велат од МВР.

Слични содржини