Од вчера од влезот во општина Арачиново до внатрешните села од Карадак има засилени полициски сили. Тие се наоѓаат низ сите патишта кои ги поврзуваат карадачките села. Жителите велат дека тие создаваат паника меѓу жителите во овие села и велат дека не ја знаат причината зошто е полицијата распоредена низ Карадак.
Жителите на Арачиново велат дека не е во ред полицијата да создава ваква паника. Ако има некаков проблем, велат тие, полицијата нека се обрати директно кај лицето или во одредената куќа за да не се тероризираат сите.
„Создадена е паника, некои беа испратени во болница. Поради изборите го прават ова…“, „Имаше полициски сили и понатаму се тука, не знаеме зошто. Сеат паника во селото.“- с екоментарите на мештаните пренесува АлсатМ.
„Не знаевме кога дошла полицијата, живеам во Орланци и таму има многу полиција. Хеликоптерите ни летаат над куќи, има деца и бремени жени“, велат жители на Арачиново. Жителите во селото Никуштак велат дека се разочарани од политичарите.
(ВИДЕО) Спасовски: Немало никаква акција во Кумановско, само теренска проверка за бегалците
Во текот на акцијата немаше никаков инцидент. Од полицијата велат дека северната граница е веќе неколку месеци прогласена за кризна зона како резултат на бегалската криза и нелегалната миграција.
Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од пред полициската станица во Матејче порача дека синоќа немало никаква полициска акција, а полициското засилување е само превентивно делување поради мигрантската криза и обидите за илегални премини.

-Имаме зголемено присуство на терен зашто во овој период ќе имаме предизвици и тука и во регионот поради бегалската криза. Затоа е зголемено присуството овде. Не би сакал да се создава фама и страв кај населениот зашто нема потреба за таква работа, имаме соработка со населението во овој регион и сите треба да бидат спокојни зашто МВР ги презема сите мерки што се потребни, рече Спасовски.
Синоќа немаше акција, имавме зголелемо присуство на овој терен во светло на кризата што ја имаме и а кумановско-скопскиот регион треба да биде под поголем надзор, овој регион зашто е северен дел од границата, имаме често илегални преминувања, знаете дека имавме влез на мигранти и претходно преку оваа граница, рече Спасовски.
Безбедноста и сигурноста на граѓаните на Република Македонија ги оправдуваат сите средства кои ќе се применат. Сите информации и контакти вчера беа дадени, и затоа сум денеска тука, да разговараме, за да се смират тензиите и да не се создава паника.
Министерот на прашањето дека имаше информации во некои медиуми дека полициското засилување е поради влез на вооружена група од Косово, кажа дека тоа не е точно.
