244
Министерството за здравство соопшти дека починале 19 лица од последиците на коронавирус во последните 24 часа.
Од починатите, по четири пациенти се од Скопје (82, 53, 74 и 84г) и Крива Паланка (66, 40, 72 и 67г), по двајца од Охрид (76 и 80г) и од Гостивар (75 и 56г) и по еден од Куманово (87г), Струга (78г), Велес (53г), Битола (86г), Кавадарци (65г), Кратово (65г) и од ПЕ Делчево-Македонска Каменица (81г).
Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.