МЗ: 23-годишната пациентка од Иванковци не била вакцинирана и имала неколку хронични заболувања

од Vladimir Zorba
968 прегледи

Дваесет и три-годишната девојка од село Иванковци, која почина од Ковид-19 во велешкиот ковид центар не била вакцинирана и имала неколку хронични заболувања, соопштија од Министерството за здравство за „Локално“.

Во моментов во велешката болница се хоспитализирани 38 пациенти, од кои 28 имаат позитивни тестови, еден пациент е сомнителен на вирусот, а девет пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега.

На кислородна поддршка се 19 пациенти.

Во државава вчера направени се 2.964 тестирања, а регистрирани се 417 нови случаи на КОВИД-19. Регистрирани се 9 починати лица.

Слични содржини