МЗ: 300 активни ковид-случаи во земјава, продолжува теренската вакцинација

од Nikola Popovski
361 прегледи

Во статистиката на Министерството за здравство за претходното деноноќие вчера беа регистрирани нови десет заболени од ковид-19, од кои седум во Скопје и по еден во Прилеп, Тетово и Струга, како и две починати лица.

Според податоците на МЗ, досега се дијагностицирани 156.086 Ковид-пациенти, оздравеле 150.295, а починале 5.491 лице. Досега во земјата се направени вкупно 955.617 тестирања на ковид-19.

Најмногу активни случаи има во Скопје – 108, а на територија на државата вкупно 300.

Oд Министерството за здравство соопштуваат дека теренската вакцинација за вторник 27.07.2021 ќе се одвива во следните населени места:

Тетово – Боговиње, Ново Село, Селца, Кече

Берово – Мачево

Гостивар – Балиндол, Турчане

Свети Николе – Павлешенци, Ѓуѓанци

Струмица – Василево

Неготино – Вешје, Д.Дисан

Пробиштип – Стрмош

Кочани – Грдовци

Кичево – Другово, Србјани, Пополжани, Манистирско Доленци

Битола – Беранци, Д.Српци, Лознани, Вашарејца, Новоелани, Ивањевци, Свето Тодори, Подино, Трновци

Македонски Брод – Брезница, Близанско, Тажево

Велес – Оризари

„Министерството за здравство секојдневно ќе информира преку соопштенија за денот и местата за теренско вакцинирање за Ковид 19. Замолуваме за поддршка на овој процес“, стои во нивното известување.

Слични содржини