МЗ: 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана

од Берта Китинска
277 прегледи

Од Министерството за здравство информираат дека во текот на вчерашниот ден аплицирани биле вкупно 2.798 дози вакцини, од кои 745 како прва доза, 1.999 се ревакцинации, а 54 граѓани примиле трета доза вакцина.

Заклучно со 7 октомври вкупно се вакцинирани 793.987 граѓани, ревакцинирани се 745.415, а трета доза примиле 625 граѓани. 53% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47% ,а со две дози опфатени се 44% од граѓаните над 18 години.

Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина, информираат од ресорното министерство.