МЗ: Дардишта не извршува никаква функција во клинички центар

од Берта Китинска
700 прегледи

Шкодране Дердишта не извршува никаква функција, реагираат од Министерството за здравство (МЗ), откако таа преку социјалните мрежи се закани со војна, а дел од медиумите посочија дека како кадар на ДУИ таа има директорска функција во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

„Шкодране Дардишта не извршува никаква функција во МЗ или во која било клиника во Универзитетскиот клинички центар ’Мајка Тереза‘. До 2020 година Шкодране Дардишта беше на раководна позиција во заеднички служби на Клинички. Позиција директор на Клинички центар воопшто не постои во систематизација“,соопштија од Министерството.

Сѐ уште ги имаме чизмите на таван во старата куќа, за час ги вадиме белите патики, напиша Шкодране Дардишта, од ДУИ, на својот ФБ профил, незадоволна од најавата дека е можно ДУИ по долги години да замине во опозиција.

„Ние не сме сираци, ние сме никнале по војна. Не играјте со оган, затоа што на крај сами ќе изгорите во него“, порача Дардишта.

Дардишта е член на Одбор на директори на Македонски Телеком, а до формирањето на сегашната влада била директор на заедничките служби на Клинички Центар.

Слични содржини