Министерството за здравство целосно ја демантира веста за тоа дека Комисијата за заразни болести не препорачала отворање на границите.
„Ве информираме дека на состанокот на Комисијата на заразни болести од 22 јуни 2020 година, Комисијата донесе одлука за препорака за отворање на границите и таа одлука заедно со другите одлуки и препораки за отворање на економски субјекти се доставени до Владата на Република Северна Македонија“, стои во соопштението од МЗ.
Вчера Владата донесе одлука на препораките на Комисијата за заразни болести, од петок, 26 јуни 2020 година, целосно да бидат отворани сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување на ПЦР тестови, и без упатување до домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин, напиша премиерот Оливер Спасовски на Фејсбук.