МЗ: Формирана Стручна комисија за лекувањето на 24-годишникот кој почина во Битола

од Nikola Popovski
224 прегледи

Поради наглото влошување на состојбата на 24-годишниот С.Т. од село Цапари кој пред неколку дена за кратко време почина во битолската болница, од ДСЗИ сметаат дека е потребно формирање на стручна комисија, информираше денеска Министерството за здравство.

Оттаму појаснија дека „Формирана е стручна комисија која ќе оди на терен и ќе го испита лекувањето на 24-годишниот пациент“.

-По утврдување на фактичката состојба и изготвување на извештајот од страна на ДСЗИ, јавноста навремено ќе биде информирана, порачуваат од МЗ.

Момчето по седум дена дома со висока температура и без никаква терапија, за првпат се јавило на Инфективното одделение во вторникот, при што му биле направени сите анализи, и со соодветна терапија било пуштено дома. Притоа, состојбата продолжила да се влошува и родителите, вчера рано наутро го донеле повторно во болница, по што било хоспитализирано.

Обдукцискиот наод за причините за смртта покажа дека починал од дисиминирана интраваскуларна коагулација ДИК или брзо трошење на факторите за згрутчување на крвта што доведува до неконтролирано крварење од многу органи и системи.

Слични содржини