МЗ: Има 380 празни болнички кревети во ковид-центрите

од Nikola Popovski
306 прегледи

Министерството за здравство соопшти дека вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.641 и има околу 380 празни болнички кревети.

„Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 952 ковид – пациенти.

Во ковид – центрите во Скопје, пак, во изминативе 24 часа се хоспитализирани 68 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а вкупно се лекуваат 689 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома од болниците во Скопје се пуштени 64 оздравени пациенти.

„Бројот на приеми во болниците во Скопје во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места“, соопшти МЗ.

Слични содржини