МЗ: Има околу 175 празни болнички кревети во ковид центрите

од Stefanija Kuzmanovska
466 прегледи

Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 811 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Од Министерството наведуваат дека во болницата во Битола се хоспитализирани 65 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 59 болни, а во Куманово 114 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 115, во ковид центарот во Гостивар 54, а во Струга 30 болни. Во болницата во Струмица лежи 71 пациент, во Кочани 22, во Кичево 20, Кавадарци 39, а во Гевгелија 15 лица позитивни на корона вирусот.

„Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.248 и има околу 175 празни болнички кревети во ковид центрите“, додаваат од МЗ.

Оттаму посочуваат и дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Слични содржини