МЗ: Има околу 500 празни болнички кревети во ковид-центрите

од Nikola Popovski
313 прегледи

Министерството за здравство иввестува дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 519 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот.

„Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 889 и има околу 500 празни болнички кревети во ковид центрите“, велат од Министерството.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 30 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациент, во Велес се лекуваат 25 болни, а во Куманово 80 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 69 во ковид центарот во Гостивар 27, а во Струга 30 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 49 пациент, во Кочани 18 во Кичево 10, Кавадарци 27, во Гевгелија 11 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Слични содржини