Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 76 нови пациенти поради компликации од коронавирусот.
„Вкупно 725 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, известува министерството за здравство. Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 34 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 17 примени пациенти а 8 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 5 новозаразени, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 6 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома биле пуштени 62 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти, информира МЗ.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 140 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 153 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти. На Клиниката за детски болести има 16 деца позитивни на Ковид-19 вирусот, а на ГАК има 8 позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 58 болни.
Според надлежните, голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 65 слободни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, посочуваат од министерството за здравство.