МЗ на Хамас: Во Газа загинаа 20.915 луѓе

од Stefanija Kuzmanovska

Министерството за здравство во Појасот Газа, со кое владее Хамас, денеска соопшти дека од почетокот на војната во израелските воени операции се убиени 20.915 луѓе.

Билансот на жртви вклучува 241 лице загинато во изминатите 24 часа, соопшти министерството.

Исто така, беше наведено дека 54.918 Палестинци биле ранети во војната која започна на 7 октомври, пренесе агенцијата Франс прес.

Во Израел најмногу луѓе, повеќе од 1.200, беа убиени на првиот ден од војната во прекугранични напади на палестинските екстремисти, предводени од исламскиот Хамас, на јужна израелска територија.

Истиот ден, околу 240 заложници беа однесени во Газа.

Тогаш беа убиени околу 300 припадници на израелските безбедносни сили, а 158 војници беа убиени во копнените операции, кои започнаа по десетдневното бомбардирање на палестинската енклава.

Слични содржини