МЗ: На инфективните одделенија во земјава се лекува 701 пациент

од Vladimir Zorba
286 прегледи

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат 565 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнителни 145 болни, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19, кои болнички се лекуваат на инфективните одделенија е 701, соопштија од Министерството за здравство.

Во главниот град 410 пациенти потврдени и сомнителни на Ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците. Што значи, вкупната бројка на хоспитализирани во болниците во дражавата и плус оние во Скопје, е 1.111.

-Во болниците во внатрешноста има околу 90 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, велат од министерството.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 83 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 62 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 47 пациенти, во Велес се лекуваат 66 болни, а во Куманово 74 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19.

Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 97 пациенти, во Прилеп 93, во ковид-центарот во Гостивар 40, а во Струга 32 болни. Во болницата во Струмица лежат 17 пациенти, во Кочани 20, во Кичево 20, Кавадарци 40, а во Гевгелија 10 лица позитивни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19, кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.111.

Слични содржини