МЗ: Нема хоспитализирани нови пациенти во ковид-центрите во Скопје

од Nikola Popovski
294 прегледи

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје нема хоспитализирани нови пациенти поради компликации од коронавирусот.

„Вкупно 48 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град, голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 4 оздравени пациенти. Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 90 слободни места“, велат од МЗ.

Во последните 24 часа се направени 2.619 тестирања, а регистрирани се 28 нови случаи на КОВИД-19 од:
Скопје – 16, Куманово – 9, Тетово – 2, Прилеп – 1.

Регистрирани се 23 оздравени пациент од: Скопје – 15, Охрид и Струга – по 3, Куманово и Кочани – по 1.
Пријавени се вкупно 5 починати лица: 3 лица од Скопје (61г,75г и 79г) и по едно лице од Куманово (45г) и Струга (72).

Досега во земјата се направени вкупно 821.365 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.469, бројката на оздравени пациенти е 149.551, на починати е 5.467, а бројот на активни случаи изнесува 451.

Слични содржини