Во врска со ценовникот за давање на здравствени услуги на странци, Министерството за здравство информира дека до сите универзитетски клиники и институти е доставен допис за усогласување на ценовниците за приватни здравствени услуги на странците со граѓаните на РСМ кои се неосигурани и плаќаат приватно.
-Потенцираме дека воопшто не станува збор за изедначување на цените помеѓу странските државјани и државјаните на РСМ, туку изедначувањето е со приватните пациенти кои не се здравствено осигурени, односно кои не плаќаат здравствено осигурување.
Оттука,за овие промени не се потребни никакви промени во законот, бидејќи дел од клиниките и институтите веќе имаа изедначени ценовници односно еден ценовник за приватни здравствени услуги, велат од ресорот здравство.
Потенцираат дека со оваа промена на странските државјани се дава право на избор помеѓу јавните и приватните установи, со тоа што се промовира јавното здравство како една достапна ефикасна здравствена услуга во нашата држава конкурентна на пазарот на трудот.
-Иста е ценатa. Македонските државјани кои што немаат здравствено осигурување ќе плаќаат иста цена со странците, бидејќи се работи за приватна услуга. Тоа значи дека граѓаните кои плаќаат здравствено осигурање во никој случај нема да бидат на било каков начин во подредена состојба да им го плаќаат данокот на странците, државјаните секако партиципација ќе си плаќаат, односно ќе плаќаат поевтино. Ова и порано функционирало во некои државни клиники, а сега со ова се продолжува иницијативата и за во другите клиники, објаснија од МЗ.
Министерот за здравство, Фатмир Меџити рече дека тука нема да застане туку ќе побара билатерална соработка и со Србија и Грција.