Министерството за здравство информира дека 1022 пациенти се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава и има околу 300 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало седум приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за неврологија, на Клиниката за нефрологија, на Очната клиника и на Клиниката за гастроентерохепатологија, тројца на ТБЦ и двајца на Клиниката за дерматологија.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 40 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болни, а во Куманово 95 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 70 во ковид центарот во Гостивар 52, а во Струга 36 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 53 пациент, во Кочани 18 во Кичево 18, Кавадарци 30, во Гевгелија 14 лица, а во Дебар 6 позитивни и суспектни на коронавирусот.
Вкупно 412 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.
И покрај големиот број приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 102 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.