Во болниците во Македонија се лекуваат 1.040 болни од коронавирус и има околу 370 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава, без Скопје, е пријавено дека се лекуваат вкупно 604 пациенти
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје, пак, е хоспитализиран 31 нов пациент поради компликации од коронавирусот, а вкупниот број на пациенти во главниот град е 436.
Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворени се и работат ковид – центрите на Клиниката на нефрологија, Клиниката за Гастроентерохепатологија, Клиниката за Очни болести и ковид центарот на Клиниката за уво нос и грло.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 28 оздравени пациенти кои се лекувале во ковид – центрите во Скопје.
Од МЗ велат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. „Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, велат од таму.