МЗ постави уште четири нови директори на клиниките

од Nikola Popovski
71 прегледи

Именувашни се нови в.д. медицински директори во дел од јавните здравствени установи, соопштија од Министерството за здравство. Медицински директор на универзитетската клиника за ТОАРИЛУЦ ќе биде проф. д-р Марија Срцева.

Од МЗ соопштија дека во Специјализирана болница за нефрологија-Струга в.д директор ќе биде д-р Берат Лена, додека на Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“ се именува проф. д-р Цветанка Бајрактарова.

Министерот реши на Универзитетскиот институт за клиничка биохемија како в.д. директор да ја именува д-р Николина Гроздановска.

Вчера беше соопштено дека за директор на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија е именуван д-р Огнен Костовски. За директор на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија е именуван д-р Оливер Зафировски.

Д-р Реџеп Мемеди е именуван за директор на Универзитетската клиника за детски болести, а за директор на градската општа болница „8 -ми Септември“ е именуван д-р Синиша Стојаноски.

Од претходно, нови директори добија и Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, Универзитетска клиника за дерматологија, Универзитетска клиника по хирушки болести Св.Наум Охридски- Скопје, Универзитетска клиника за уво, нос и грло, Универзитетски институт за радиологија, како и Клиника за ревматологија.

Со Институтот за јавно здравје, пак, ќе раководи Марија Андоновска – досегашна советничка во Советот на Град Скопје.

Таравари ги нарече смешни обвинувањата на опозицијата за именувањето на новите директори по клиниките, меѓу кои „немало Албанец“. Министерот истакна дека, напротив, со неговото доаѓање на чело на ресорот здравство се зголемил бројот на директори Албанци во клиниките.

Слични содржини