МЗ: Повеќе од 55.000 лица изразиле желба за вакцинација, досега вакцинирани се 264 здравствени работници

од Nikola Popovski
139 прегледи

Од Министерството за здравство денес соопштија дека вкупно 55 970 лица досега изразиле интерес за вакцинација против коронавирус преку веб-страницата „Vakcinacija.mk“.

Вкупно 264 здравствени работници се вакцинирани до утринава до 10.30 часот, од кои само во текот на вчерашниот ден имало 202-ца. Вакцинацијата и денеска се одвива непречено во модуларната болница во Скопје.

„Од следната недела вакцинацијата ќе почне и кај здравствените работници во болниците низ државата, како и приватните болници.

„Со ова, нашата земја ќе биде една од ретките земји во Европа во која ќе ја имаат примено вакцината против ковид-19 сите здравствени работници кои лекувале пациенти позитивни на коронавирусот. Вакцините се безбедни и развиени на сигурни платформи. Во неделата, од Србија добивме 4680 од вкупно 8000 вакцини од компанијата Фајзер“, соопштуваат од МЗ, при што дополнуваат дека:

„Вакцините се безбедни и развиени на сигурни платформи. Во неделата, од Србија добивме 4680 од вкупно 8000 вакцини од компанијата Фајзер. Во текот на следната недела, во Северна Македонија се очекува да пристигнат и другите количини од Србија. До крајот на месец февруари, се очекуваат да пристигнат и 200-те илјади вакцини од Народна Република Кина“.

 

Слични содржини