МЗ: Пријавен е само еден случај за сомнеж за смрт кај вакциниран пациент, не е извршена обдукција

од Nikola Popovski
276 прегледи

Од Министерството за здравство денес соопштија дека досега има стигнато еден образец за случај од април односно за настапена смрт кај 85 годишно лице, 32 часа после примена вакцина АстраЗенека.

Според министерството, лицето примало инсулинска терапија и нема лекарски извештај за претходна здравствена состојба.

– Не е извршена обдукција на починатото лице, а земајќи ја предвид возраста на лицето не може да се утврди дали причината за смртта била вакцината. Лицето е вакцинирано со прва доза на 06.04.2021 година, а пријава од семејството е поднесена 8 дена по настанатиот смртен исход, велат од МЗ.

Околу сомнежите за починато второ лице после примена вакцина, здравствените власти истакнуваат дека станува збор за лице на возраст од 54 години, кое било ревакцинирано на 09.09.2021, а кај кого смртта настапила на 25.09.2021 година.

-Лицето било вакцинирано со вакцина Фајзер, а после примена прва доза истиот немал никаква реакција. Според пријавата на матичниот лекар станува збор за пациент со хоронични заболувања. Пријавата за овој случај е пристигната само од МАЛМЕД. Дополнително ќе се утврдува дали има евентуална поврзаност на вакцината и смртниот исход, стои во соопштението на МЗ.

Агенцијата за лекови МАЛМЕД денес соопшти добила пријави од лекари за сомнеж дека нивни пациенти починале после вакцинација против ковид . Едниот пациент бил на 85-годишна, а другиот на 54–годишна возраст.

-Едното лице починало после 2 недели од примањето на вакцината. Не е докажано дека пациентите починале од вакцините, туку е сомнеж за несакан ефект. Постојат голем број параметри кои треба да се испитаат, од што боледувало лицето претходно, каков живот имало, какви лекарства примало. Се прави комплетна обработка за да се докаже дали е навистина смртта поврзана со употребата на вакцината .Таа обработка се прави во ИЈЗ и мислам дека има иницијатива таму да се направи комисија за посериозните несакани ефекти. Кога еден лек или вакцинација ако се пријави несакано дејство, не значи дека е последица на вакцината или лекот, рече Мерјем Хаџихамза, која е дел од работната група за следење на несаканите ефекти во МАЛМЕД.

Слични содржини