Направен е првиот чекор, општи и заеднички служби објавиле тендер за целосно да се промени компресорската станица и со тоа хируршките сали во Клиничкиот центар да профункционираат. Според министерот за здравство, Арбен Таравари, крајниот рок да се заврши зафатот е декември. Во меѓувреме салите ќе работат со надворешни компресори со делумен капацитет. Товарот останува на ГОБ „8 Септември“ и Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.
Министерот најави дека ќе биде ажурирана позитивната листа на лекови. Се чека назначување на нов директор на ФЗОМ.
Граѓаните ќе може да се јавуваат и да пријавуваат кај министерот за проблеми и неправилности во здравствениот систем, ќе биде отворен телефонски број. Како што рече Таравари, планира да испраќа ненајавени контроли и во приватните и во државните болници.