МЗ: Ревакцинирани се 351.369 граѓани

од Nikola Popovski
238 прегледи

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.

-Вкупно се аплицирани 847.336 дози вакцини, а ревакцинирани се 351.369 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 18.149 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 5.650 граѓани, велат од МЗ.

Според нив, 63% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.

-60% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина. 55% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина. 45% од населението над 50 години имаат примено барем една доза вакцина, стои во соопштението.

 

Слични содржини