Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, дека вкупно се аплицирани 259.577 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.806 граѓани.
„Вчера вкупно се вакцинирале 4.148 граѓани, а прва доза вакцина примиле 4.123 граѓани. Со последните бројки 45,7 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 39 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина“, велат од МЗ и додаваат дека на вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 220.733 граѓани.
Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат, се додава во соопштението на МЗ.