Од министерството за здравство вчера соопштија дека граѓаните од денеска ќе можат да се пријават за вакцинација против ковид-19 на веб странат vakcinacija.mk.
Утрово дел од граѓаните кои пробаа да се регистрира информираа дека воопшто не можеле да ја отворат страницата.
Министерството за здравство соопшти дека во моментов се прават последните технички прилагодувања на веб-страницата.
-Се прават последните технички прилагодувања на веб-страницата преку која граѓаните ќе можат да се пријавуваат со изразување заинтересираност за вакцинација против КОВИД-19.Штом се овозможи целосна функција на веб-страницата, ќе информираме повторно, велат оттаму.